Подарок во вид на барање за подобрување на условите во Парк-шумата Водно, пристигна до првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов. Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ бара од Шилегов повеќе грижа, решавање на бројните проблеми и решавање на статусот на планината Водно.
Нивните барања се однесуваат на решавање на статусот на Планината Водно. Бараат да се отстранат машините, заедно со депониите, кои како што велат, го уништуваат ова рекреативно место. Меѓу барањата е да се реализираат сите активности кои биле предвидени или се веќе започнати. Одговорноста за ова му ја префрлаат на првиот човек на Скопје, Петре Шилегов. Шилегов пак, вели дека ќе ги разгледа барањата и ќе ги преземе потребните чекори.
Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ не се откажува од барањата за прекин на изградбата на гасоводната траса која минува низ Водно.
РЕПОРТЕР: САЛИЈЕ САДИКУ
