Живот

Го славиме Праведен Јосиф Обручник

Го славиме Праведен Јосиф Обручник

Светиот Јосиф Обручник потекнувал од родот на царот Давид. Од првиот брак тој имаше четири синови и две ќерки. Откако стана вдовец, светиот Јосиф живееше во строго воздржание.

На осумдесетгодишна возраст беше избран од првосвештениците да биде чувар на девството на Пресвета Богородица, давајќи завет на безбрачност. За воплотувањето преку неа на Синот Божји му беше јавено од Ангел.

Светиот Јосиф беше присутен при поклонувањето на пастирите на Новородениот Младенец и при поклонувањето на магите.

По укажување на Ангелот, тој побегна, заедно со Божјата Мајка и со Богомладенецот Иисус во Египет, спасувајќи ги од гневот на царот Ирод.

Во Египет тој живееше со Богородица и со Богомладенецот, заработувајќи за нивното издржување со дрводелие.

Се упокои на возраст од околу сто години.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни