Го украл мобилниот телефон на новинар за време на пренос во живо – не сфатил дека камерата го снима додека бега

Еден маж во Египет е уапсен откако на репортер му украл мобилен телефон директно од раце за време на пренос во живо.

Махмуд Рагеб, репортер на Youm7, ги снимаше последиците од земјотресот на улиците на Каиро кога маж на мотор помина и му го одзеде телефонот. Крадецот несвесно го пренел своето лице на илјадници гледачи додека бегал од местото на настанот пушејќи цигара.

Според податоците од Фејсбук, видеото го гледале во живо повеќе од 20.000 луѓе. Многумина се вклучија во потрагата по човекот бидејќи камерата на телефонот остана вклучена, а снимката од инцидентот широко кружеше на социјалните мрежи.

Претставници на Министерството за внатрешни работи рекоа дека користеле „модерна технологија“ за да ги идентификуваат осомничените од преносот во живо, објави Youm7. Мажот бил уапсен само неколку часа подоцна во неговиот дом и одведен во полициската станица Каљуб, каде го признал делото, објави порталот.