Во ТЕХЕРАН вечерва се протестира поради нападот на Израел врз иранскиот конзулат во Дамаск.
Насобраните ги носат знамињата на Иран и Палестина. Насобраните во еден момент ги запалија знамињата на Соединетите Американски Држави и Велика Британија.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, најави дека иранската страна го задржува правото лично да одговори на израелскиот воздушен напад.
Iranians protesting against Israeli air strikes on Iranian embassy in Syria at the Palestine Square, Teheran! Netanyahu is doing everything to drag Iran to war. pic.twitter.com/YsvwFNbuf2
— Ashok Swain (@ProfAshokSwain) April 1, 2024
– Иран го задржува правото да преземе контрамерки и да одлучува за видот на реакција и казнување на агресорот, рече тој.
Иранскиот амбасадор во Сирија, Хосеин Акбари, рече дека никогаш не сме биле сведоци на вакво злосторство, а зад сè, вели, гледа дека израелскиот режим е во ќорсокак и дека се обидува да ги компензира своите неуспеси во Газа.
– Исламската Република Иран никогаш не го остави злосторството на ционистичкиот режим без одговор. Секако, ционистичкиот режим и неговите сојузници знаат дека треба да го чекаат пропорционалниот одговор на Иран на оваа подлост, која се заснова на иранската мудрост и ќе биде спроведена во вистинско време и на вистинско место, вели Акбари.
Suite aux bombardements israéliens sur l'ambassade iranienne à Damas, en Syrie
qui a coûté la vie à plusieurs hauts responsables iraniens de premier plan
Manifestation à Téhéran en Iran , pour dénoncer l'attaque israélienne
Des drapeaux américains et israéliens ont été brûlés pic.twitter.com/Vtj9v9gT8y— Berger Florian (@galamiou) April 1, 2024
Тој додава дека куќата до амбасадата била на дипломатското претставништво, и дека имал среќа што не бил во зградата.
Како што вели, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прави злосторства за да се заштити себеси и САД, кои се соучесници, но најавува дека владата на Иран ќе возврати од денеска.
– Можеби е првпат ционистичкиот режим да си дозволи да ја нападне официјалната зграда на амбасадата на Исламската Република Иран, каде што над овој простор е подигнато иранското знаме и го признава ова злосторство. Се разбира, на оваа акција, покрај зголемувањето на одговорноста на меѓународните организации и поддржувачите на ционистичкиот режим. Исламската Република ќе одговори на соодветен начин и навремено, рече тој.
Сириската државна телевизија прво објави дека противвоздушната одбрана го одбила нападот во околината на Дамаск, но се слушнале експлозии.
Тогаш стана јасно дека Израел ја нападнал куќата до иранската амбасада, но дека дипломатската мисија е срамнета со земја и дека има жртви.
Корпусот на гардата на Исламската револуција ја потврди смртта на двајца генерали и пет офицери по израелски воздушен напад врз иранската дипломатска мисија во Дамаск.