Свет

Годишнина од нападот на Хамас врз Израел

Годишнина од нападот на Хамас врз Израел

На денешен ден, пред две години, Хамас изврши напад врз кибуц во Израел за време на фестивал, што ја предизвика војната во Појасот Газа.

Израелската војска утрово соопшти дека од северниот дел на палестинската територија е испален проектил. Нема непосредни извештаи за жртви.

Ракетата е детектирана откако се огласиле сирени во Нетив ХаАсара, во јужен Израел, недалеку од границата со Појасот Газа, се вели во соопштението на армијата.

Неколку стотици ожалостени се собраа во кибуцот Кфар Азиз, во близина на границата со Газа, за да ја одбележат втората годишнина од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Групата ожалостени се собра на церемонија пред зграда за складирање оружје, каде што се случија дел од борбите меѓу жителите на заедницата и милитантите на Хамас, објави денес „Тајмс оф Израел“.

Седум членови на заедницата беа во фокусот на церемонијата, нивните слики беа поставени на ѕидот од зградата, заедно со свеќи запалени во спомен.

Присутните, исто така, посебно ги споменаа за време на нивните говори близнаците Зив и Гали Берман, кои сè уште се во заробеништво.

Нападот на Хамас врз Израел се случи на 7 октомври 2023 година, кога беа убиени околу 1.200 Израелци, а 251 лице беше киднапирано.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни