Годишнината од смртта на Никола Тесла

На денешен ден, пред 81 година, почина Никола Тесла – еден од најголемите светски истражувачи и научници од областа на електротехниката.

Повеќе од 700 негови патенти се официјално регистрирани, а тој е најпознат по пронајдоците и подобрувањата на електромоторите, генераторите, трансформаторите, како и по примената на наизменична струја.

Единицата за мерење на висок напон и магнетно поле го добила неговото име, а неговото име било пронајдено во друштво на великани кои по нив ги именувале ридовите на Месечината.

Тесла се школувал во Госпиќ, Карловац, Грац и Прага, а заминал во Соединетите Американски Држави во 1884 година. Таму најпрво соработувал со Томас Едисон, а во 1887 година основал свој истражувачки центар.

Неговиот патент за наизменична струја беше купен од Џорџ Вестингхаус и благодарение на тоа, на Нијагара беше изградена хидроцентрала, прва во светот која воведе систем на наизменична струја.

Благодарение на неговите истражувања и пронајдоци, беа создадени современи системи за радио комуникација, телевизија, роботика и далечински управувач.