Ѓоковиќ го пропушта Шангај: Низ годините ја добив најдобрата поддршка во Кина

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска преку социјалните мрежи дека нема да настапи на АТП турнирот од серијата 1000 во Шангај, кој оваа година се враќа во календарот прв пат по епидемијата на Ковид 19.

„Низ годините ја добив најдобрата поддршка во Кина. Шангај секогаш беше еден од моите најважни турнири во сезоната. Ќе ми недостасуваат моите навивачи во Кина. Се надевам дела ќе се вратам во иднина во Кина“, објави српскиот тенисер на Инстаграм.

Ѓоковиќ во кариерата има четири трофеи на турнирот во Шангај кој оваа година ќе се игра за награден фонд од 7.5 милиони евра.

Турнирот е на распоредот од 4 до 15 октомври.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното