Балкан

Голем пожар избувна синоќа на најпознатата плажа за забави во Хрватска

Голем пожар избувна синоќа на најпознатата плажа за забави во Хрватска

Голем пожар избувна синоќа на најпознатата плажа за забави во Хрватска – Зарче, на островот Паг, но до 7 часот утринава е локализиран, објави информативниот сајт Индекс.

Гаснењето на пожарот, во кој учествуваше и канадски авион, го отежна силно невреме.

Илјадници гости на „Цирче“ беа евакуирани во текот на ноќта, а од паркингот беа преместени околу 200 автомобили за да можат противпожарните возила да се доближат до запалените борови шуми и поради опасност еден автомобил да се запали и во верижна реакција други автомобили би се запалиле.

Според надлежните, причината лежи во човечкиот фактор, бидејќи тука избувнаа големи пожари и во 2019 и 2020 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни