Утрово изби голем пожар во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград. Засега нема информации за повредени лица.
Пожарот го гаснат околу 30 пожарникари со 10 противпожарни возила. Екипите се обидуваат да спречат огнот да се прошири на соседните објекти.
Густ црн чад се издига над подрачјето и е видлив од повеќе делови на градот.
- Жителите на околните згради се предупредени да ги држат прозорците затворени.
„Енјуб“ е полуотворен трговски центар со околу 400 локали.