Голем пожар денеска избувна во Далмација, а силниот ветар направи големи проблеми за пожарникарите, па така огнот се прошири во неколку населби.
Над 100 пожарникари со 40 возила и два противпожарни авиони се борат против пламените јазици, а медиумите од Хрватска објавија дека е наредена евакуација на населението.
Се вчитува...
Пожарот се гледа и од вселена, а огнот зафатил и една црква, па повеќе детали се очекуваат во следните часови.
Фото: Валерио Барановиќ








