Балкан

Голема гужва во Мекдоналдс во Сараево – вечерва се затвораат

Голема гужва во Мекдоналдс во Сараево – вечерва се затвораат

Босна и Херцеговина се збогува со Мекдоналдс и вечерва има големи гужви во филијалите во Сараево.

Синџирот за брза храна Мекдоналдс од вечерва ќе престане со работа во БиХ и ќе ги затвори рестораните во Сараево и Мостар до понатамошно известување.

Вкупно пет ресторани ќе бидат затворени бидејќи Мекдоналдс имал три ресторани во Сараево и два во Мостар. Споменатите ресторани ќе бидат отворени за клиенти до вечерва, а утре нема да ги отворат вратите.

Според неофицијални информации, седиштето на Мекдоналдс и ја одзело лиценцата за деловно работење во Босна и Херцеговина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни