Голема полициска акција против педофили во Франција – уапсени 80 лица меѓу кои пратеници, професори…

Во Франција оваа недела беа приведени 80 мажи осомничени за педофилија, меѓу кои и еден пратеник и двајца учители, во голема полициска акција која покажа дека има педофили во сите општествени слоеви.

– Акција од такви размери досега „не е видена“ во Франција – изјави Квентин Беван, претставник на новата Канцеларија за малолетници на правосудната полиција, кој ја координираше операцијата.

Полициските службеници таргетирале профили на луѓе кои се во редовен контакт со деца. Така приведени се двајца училишни професори, спортски тренери и еден надзорник во ученичкиот дом за хендикепирани лица. Осомничените биле на возраст од околу триесет до над 60 години.

Кај неколку од нив се пронајдени видео снимки и фотографии од педофилска содржина складирана на компјутери и други дигитални уреди.

Десетици се осомничени за силување малолетници или сексуални напади.

Надзорникот веќе бил осуден за силување пред неколку децении, а можел да работи со деца бидејќи законски го променил својот идентитет, рече Беван.

– Истрагите се уште се во тек – изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното