Македонија

Голема полициска акција во Скопје: Уапсени лица поради финансиски криминал

Голема полициска акција во Скопје: Уапсени лица поради финансиски криминал
Фото: 4news.mk

Повеќе лица се приведени, а извршени се претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на полициска акција поврзана со истрага за сериозен финансиски криминал.

Од Министерството за внатрешни работи за „Пресс24“ ја потврдиле информацијата дека доцна синоќа припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност спровеле акција во која биле уапсени лица и биле извршени претреси.

Според досегашните информации, истрагата се однесува на сомнежи дека преку фалсификување извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила биле прикривани и пренасочувани парични средства.

Меѓу осомничените, според информациите, има и лица вработени во државни институции и јавни претпријатија. Еден од нив е вработен во Јавното претпријатие за државни патишта.

Се сомничи дека со незаконските дејствија била предизвикана материјална штета од над 13 милиони денари, односно повеќе од два милиони евра.

Полициската акција е дел од поширока истрага, а по завршувањето на претресите и прибирањето на доказите се очекуваат повеќе детали од надлежните институции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни