Голема трагедија! Најмалку 45 лица загинаа во запален автобус со македонски таблички!

Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма”, јавува БГНЕС.

Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои биле сместени во болницата „Пирогов” во Софија.

– Во „Пирогов” се сместени шест лица, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Двајца се со изгореници на дланките, другите имаат рани. Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите, изјави проф. Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во „Пирогов”.

Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград.

Автобусот е со македонска регистрација, потврди началникот на Противпожарната служба Николај Николов.

-На 31 километар од автопатот се случи сообраќајна несреќа со автобус во кој се превезувале 52 лица, при што избувнал пожар. Загинале 46 лица. Оперативно -истражните дејствија се уште траат, но пожарот е поради несреќа. Останатите се пренесени во болница, и нивната состојба не е сериозна, изјави Николов.

Делницата од автопатот на која се слуи несреќата има многу проблеми, цело лето таму се поправаат дупки, изјави за БТВ експертот за патишта Дијана Русинова.

Претседателот Румен Радев и привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев разговарале со премиерот на на Северна Македонија Зоран Заев. Го известиле за сите информации што ги имале за тешката сообраќајка.

Заев изрази сочувство за настраданите и најави дека заминува за Бугарија да ги посети преживеаните.

Поради тешката сообраќајна несреќа на 31-от километар од автопатот „Струма” во правец од Софија кон Благоевград, автопатот ќе остане затворен во текот на целиот ден, барем во правец на Благоевград.

Автобуска несреќа во тој дел на Бугарија се случи и во 1996 година, загинаа 16 луѓе, но тогаш немаше автопат, пренесува БГНЕС.

Поврзани вести

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...