Свет

Големи делови од Венецуела се без електрична енергија

Големи делови од Венецуела денеска се без електрична енергија по вчерашната хаварија на електродитрибутивната мрежа.

Претседателот на државата Николас Мадуро нареди училиштата, државните компании и служби да не работат денеска, за да се олесни работата на тимовите вклучени во поправките на мрежата за дистрибуција на струја.

Погодени се 22 од 23 венецуелски држави, и без електрична енергија е и главниот град Каракас.

Во Каракас е хаос по улиците и во болниците. Сериозни проблеми има и во водоснабдувањето и телефонските врски. Прекин на работата има и во неколку венецуелски телевизии.

Владата на Венцуела ги обвини САД за хаваријата и нагласија дека Вашингтон спроведува „електрична војна“ против Каракас.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни