Музичарот Горан Бреговиќ неодамна доживеа несреќа на веспа во Париз кога падна и го повреди рамото.
Според извор за Нова.рс, раката на Бреговиќ моментално е имобилизирана, поради што морал да ги откаже концертите во Мексико кои беа закажани за 26, 29 и 30 октомври годинава.
Во 2008 година, Бреговиќ доживеа слична повреда кога падна од цреша. Потоа, додека берел цреши во својот двор, паднал од дрво, од висина од околу четири метри и го скршил лумбалниот пршлен.
