„La France merci, mais NON“ или во превод „Благодариме Франција, но НЕ“.
Вака започнува Фејсбук статусот на министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милевски.
Фејсбук статусот го пренесуваме во целост:
La France merci, mais NON
🟡 Билатералните спорови не смеат да станат Европски услови, како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше проблем за влез на Хрватска во ЕУ.
🟡 Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија.
🟡 Секое предлог решение мора да добие согласност од Македонскиот парламент.
🟡 Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.
🟡 Со Преспанскиот договор се гарантираше влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако сега едниот гарант на договорот ЕУ, не го почитува договорот, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да го почитува.
🟡 ЕУ треба јасно да се изјасне, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен ни е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманенти условувања.
🟡 Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со своја вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.
🟡 Историската комисија да достави на увид што се договориле со нивните колеги од Бугарија. Неможе 3 историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус.
Ова е мој личен став кој ќе го застапувам во рамките на партијата и Владата.