Ѓорче Петров и Петровец опции за новиот Клинички Центар, дали ќе одлучи политиката или подобрата локација?

Вчера, доцна попладне, по завршувањето на седницата за пратенички прашања, во Собранието се одржала консултативна седница на која присуствувале премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Тема била изградбата на новиот Клинички центар проект вреден 450 милиони евра. Според нашите информации, првичната опција овој центар да се гради во населбата Бардовци, во близина на Психијатриската болница отпаѓа поради тоа што во тој дел има приватно земјиште и поради проблемот со експропријацијата. Како најзериозни локации остануваат општина Ѓорче Петров и Општина Петровец.

Ѓорче Петров го нуди просторот кај „Веле Поле” на влезот во Сарај, додека Петровец во близина на Меѓународниот аеродром, односно во индустриската зона. Предностите на оваа локација покрај аеродромот, се автопатот Петровец-Скопје-Велес, но и новиот автопат кој е во изградба, а кој треба да го поврзе Скопје со Свети Николе и Штип. Со оглед на тоа дека сообраќајот и патната инфраструктура е еден од условите, Петровец преку обиколницата се поврзува со Тетово, но и голем број населени места од скопскиот регион. Оваа локација е државно земјиште, односно е во сопствност на Министерството за одбрана, а тоа значи дека нема да има допопнителни трошоци за експропријација.

На вчерашната средба во Собранието Заев и Филипче ветиле дека ќе се прави целосна анализа на теренот во Општина Петровец. Иницијативата за Клинички центар во Општина Петровец ја “буткаат” двајца пратеници: Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Зеќир Рамчиловиќ од Движењето Аваз, во моментов пратеник пд редовите на Независната пратеничка група-ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалник на Петровец е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но министерот Филиче и Заев на седницата потенцирале дека политичката припадност на градоначалниците на општините нема да влијае на крајниот избор на локацијата.

Извор: ТВ21