Гордана Јанкуловска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е спроведена во затворот „Идризово“.

Се вчитува...

Од ноќва таа започнува да ја отслужува затворската казна.

Инаку, Јанкуловска е осудена правосилно на 4 години затвор поради злоупотреба на службената положба и областувања поради тоа што му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес од скоро 600 илјади евра, кој беше наменет за тогашниот премиер Никола Груевски.

.

Извор: ТВ21