Гордана Јанкуловска, како осудена со четири години затвор во случајот „Тенк”, веќе е спроведена во КПУ-Идризово.
Првите 15 дена таа ќе ги помине во посебна просторија пришто ќе бидат запазени сите мерки против ширење на коронавирусот.
Одлуката за извршување на казната затвор следува по одбивање на барањето на Јанкуловска, упатено до Врховениот суд за вонредно испитување на одлуката на скопска апелација за случајот со незаконската набавка на мерцедесто „С-600″ во износ од 600 илјади евра. Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласиа и Ѓоко Поповски (кој веќе е во извршување на казната затвор) и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, (осуден на две години затвор).
Воедно, против Јанкуловска, во Кривичниот суд Скопје, во моментот се во тек и два други предмети за „злоупотреба за службената должност”, (Таргет-Тврдина и Титаник).
.
