Балкан

Гори фабриката „Сава“ во Бјелина: Граѓаните предупредија на отровен воздух (ВИДЕО)

Гори фабриката „Сава“ во Бјелина: Граѓаните предупредија на отровен воздух (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во фабриката за преработка на овошје и зеленчук „Сава Шемберија“.

Сите расположливи екипи на пожарникари од Бјелина и Јање се на терен и се борат за локализирање на пожарот, на помош им пристигнале пожарникарите од Угљевиќ и Лопар, а се очекува доаѓање на пожарникари од Брчко.

– Засега нема опасност по здравјето на населението, но заради превенција на граѓаните им се препорачува да ги затворат прозорците. На терен се и припадници на Цивилната заштита кои ја следат состојбата, за да реагираат во случај на потреба – соопштија од градската управа на Бјелина.

На терен се и припадници на Цивилната заштита.

– Екипата е на терен, а повеќе информации ќе има по интервенцијата – велат во ТВЈ Бијелина.

Полицијата соопшти дека пријавата ја добила околу 19 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни