Македонија

Горивата пак поскапуваат, ова се новите цени!

Горивата пак поскапуваат, ова се новите цени!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека со нејзините Одлуки се регулираат максималните цени на нафтените деривати  и трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Од 17.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 95                          86,50  (денари/литар)

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 98                          88,50  (денари/литар)

Дизел гориво                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       92,00  (денари/литар)

Масло за горење            Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                             89,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                               47,453 (денари/килограм)

Истовремено РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.

Максималните малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 7,00 ден/лит.

Максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.

Максималната малопродажна цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,867 ден/кг и сега ќе изнесува 47,453 ден/кг.

Со оваа одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,98% во однос на одлуката од 9.3.2026 година, цените на нафтените деривати остануваат најниски во регионот и Европа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни