„Господ простува, јас не“: Фотографија од Папата во авион стана вирална, мемиња има насекаде

Папата Лав минатата недела беше на својот прв странски пат, посетувајќи ја Турција, а патувањето, покрај официјалните средби, донесе и една необична фотографија која стана вирален хит. Фотографијата на Папата како во авион држи бејзбол палка стана интернет сензација и неисцрпен извор на инспирација за мемови.

За време на летот беа забележани бројни моменти – од разговори со пилотите до замислен поглед низ прозорецот, но моментот кога Папата ја доби палката предизвика лавина од духовити коментари и монтажи на социјалните мрежи.

Екипата на платформата X брзо почна да додава свои описи на фотографијата, а некои од нив беа смешни до екстремно ниво:

„Господ простува, јас не“

„Стјуардесата рече да го оставиш лаптопот, пријателе“, „Мислам дека седиш на моето место“. „Господ простува, јас не, престани да ми го тресеш седиштето, те молам“ и „Престани да го спушташ седиштето“, беа дел од мемовите.

Други коментари на X беа:

„Нема да го ставиш твојот ранец во преградата над главата“

„Чикашкиот Папа користи тактики на локалната мафија за обраќање на верниците, околу 2025“

„Што ти реков за ставање боси нозе на мојата потпирачка?“

„Само напред. Пееј ‘Mary, did you know’. Те предизвикувам“

„Малку ќе разговараме за спуштањето на твоето седиште врз колената на лицето што седи зад тебе“.

Некои од коментарите беа:

„Може едноставно да те претепа, никој нема да ти верува“

„Доста ми е од овие проклети змии во овој проклет авион!“

„Да имаш американски Папа е неверојатна содржина за мемови“.