Денеска Градот Скопје ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител на Скопје за 2018 година. Наградите ги додели градоначалникот Петре Шилегов.
„Хуманоста е дел од нашите принципи, од нашата етика. Скопје е град на солидарноста и треба да ги негува традициите на хуманост и солидарност. За таа цел Град Скопје дополнително ги мотивира оние кои најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела.“, рече Шилегов.
Наградeни од Град Скопје за 2018 година:
1. Елвис Далипи, од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје – награда за најдобар пожарникар за 2018 година.
2. Бранимир Китановиќ, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје – награда за најдобар полицаец.
3. Тони Ставревски, истакнат крводарител кој до својата 50-та година има дарувано крв 102 пати – награда за крводарител на годината.
