Македонија

Град Скопје оваа година започнува хортикултурно уредување на нови зелени јавни површини

Град Скопје оваа година започнува хортикултурно уредување на нови зелени јавни површини

Град Скопје во 2022 година отпочнува со реализација на оформување нови зелени површини во Скопје, на кои се засадуваат дрвја и садници од различен вид. Покрај новите и постојните зелени површини, планирано е дополнителни садници да се постават и во постојното средишно и странично зеленило по должината на булеварите и на магистралните улици.

Во 2022 година предвидено е да се набават и дрворедни садници, зимзелени садници со покривки, како и декоративни садници и грмушести растенија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни