Македонија

Град Скопје поднесе кривична пријава за Шилегов и Јанчева: Се трошеле државни пари за кафана!

Град Скопје поднесе кривична пријава за Шилегов и Јанчева: Се трошеле државни пари за кафана!

Град Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Петре Шилегов и поранешната претседателка на советот Љубица Јанчева. Кривичната пријава е за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од Град Скопје поранешната претседателна на Совет користела пари за кафана, додека пак екс-градоачалникот се прибавил со имотна корист при што нанеле штета на буџетот на Град Скопје.

„Љубица Јанчева во својство на Претседател на Советот на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба, од средства од  буџетот на Град Скопје искористила средства за прослава во ресторан во Скопје, спротивно на законските прописи за извршени набавки на стоки и услуги и спротивно на Законот за јавни набавки, додека Петре Шилегов како Градоначалник на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со пречекорување на границите на своето службено овластување без да постои склучен договор, спротивно на Законот за јавни набавки, дозволил да се искористат и исплатат средства од буџетот на Град Скопје, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист и нанеле штета на буџетот на Град Скопје. Имено, Љубица Јанчева во својство на Претседател на Советот на Град организирала предновогодишна забава во ресторан во Скопје, и за тоа своерачно потпишала и посебен интерен образец со кој потврдува дека ги искористила наведените средства и во прилог кон истиот доставила фактура, со што ги потврдува издатоците за реализирани средства за репрезентација – информираше на денешната прес-конференција Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

За незаконитостите алармирал и Секторот за финансиски прашања при Град Скопје кој во Службена белешка укажал дека се работи за услуги спротивно на законот, каде е наведено дека доставената фактура се однесува за извршени услуги за кои Градот со предметниот правен субјект нема склучен договор со постапка за јавна набавка во 2019 година. И покрај тоа што било укажано од надлежните служби дека се работи за извршени услуги за кои нема склучен договор за јавна набавка, Петре Шилегов како Градоначалник на Град Скопје во тој период, го игнорирал ваквото укажување и свесно дозволил на незаконски начин да се искористат средствата од Буџетот на Град Скопје, кои се средства на граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни