Македонија

Градоначалници ќе бираме по старо – предлогот за нов изборен модел далеку од пратениците

По се изгледа дека и на локалните избори ќе одиме со стар изборен модел. Но, сите се согласни дека забелешките на ОБСЕ/ОДИХР треба да се внесат во закон.

„Како министерство за правда ќе негуваме институционален дијалог. Кај нас веќе има група која работи на измените на изборниот законик, и веќе направивме една, системот за верификација, со отпечатокот од прст. Едногласно во собранието и со поддршка од скоро сите пратеници беше изгласана измената за фингерпринт. За прв пат тоа ќе се случи кај нас, и е многу голема одговорност за ДИК. Многу одговорно се вклучија во спроведувањето на овој процес и се надевам дека така и ќе продолжи. Процесот на воведување на отпечатокот на прст не е евтин и затоа владата одвои средства. Се надеваме дека во најкраток можен рок ќе се набават апаратите и ќе се обучат луѓето, како исправно би се спровел изборите.  Очекуваме голем ангажман на дик и на медиумите како и на сите институции“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

ВМРО-ДПМНЕ бара мнозински наместо пропорционален модел. За Алијанса-Алтернатива, оптимален број на изборни единици е осум.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни