Градот Скопје ќе биде украсен, но ќе нема дочек на Новата година, најави Шилегов

Од вчера почна новогодишното украсување на градот Скопје. И покрај реакциите кон градоначалникот Шилегов парите да ги пренамени за други потреби, сепак, градоначалникот најави дека градот ќе биде украсен, а дека оваа година ќе нема „Винтерленд“ и новогодишниот дочек на плоштадот.

И покрај кризата, Шилегов рече дека не се откажува од празнична, новогодишна атмосфера.

„Годинава на нашите дечиња им е одземено многу, детството, училишната година, играта со другарчињата, радоста. Сметам дека во оваа тешка година и мрачно време во коешто живееме, не треба на светол момент како што е Нова година да останеме неми. Немаме право да го направиме тоа, немаме право да им ја одземе надежта и радоста на граѓаните и децата“, вели градоначалникот Шилегов.

Новогодишното украсување годинава ќе чини 200 илјади евра.

The post Градот Скопје ќе биде украсен, но ќе нема дочек на Новата година, најави Шилегов appeared first on TV21.mk.