Свет

Грчките Ф-16 го враќаат авионот на Емирати кој летал за Њујорк

Грчките Ф-16 го враќаат авионот на Емирати кој летал за Њујорк

Грчките власти наредија лет на Емирати назад кон меѓународниот аеродром во Атина и спречија друг да полета од безбедносни причини, но полицијата соопшти дека не било пронајдено ништо сомнително при претресите на авионите и патниците, пренесе Асошиетед прес.

Грчката телевизија ЕРТ јави дека мерките се преземени вчера на барање на американските власти. Претставници на грчката полиција не го потврдија изворот на барањето како одговор на истрагата на агенцијата.

Претставници на аеродромот во Атина соопштија дека летот 209 на Емирати до аеродромот Њуарк се вратил во Атина два часа по полетувањето и безбедно слетал. Авионот беше придружуван назад низ грчкиот воздушен простор со два грчки борбени авиони Ф-16, соопштија воени извори.

Вториот лет на Емирати, кој летал за Дубаи, бил запрен во Атина пред да полета. Полицијата соопшти дека при претресот не биле пронајдени потенцијално сомнителни патници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни