Грешка на БиБиСи: За случаен минувач на улица мислеa дека е претставник на Финска (ВИДЕО)

Би-Би-Си помешал случаен минувач на улица за финскиот претставник на Евровизија. За емисијата на Би-Би-Си Норт Вест Вечерва, тие се шетаа низ Ливерпул и ги прашуваа минувачите кои се нивните фаворити на овогодинешниот избор за песна на Евровизија. Неколку од нив за фаворит ја прогласија Финска.

Имаше еден обожавател кој се дотера како фински изведувач, а Би-Би-Си по грешка го протолкува како Käärija. „Успеавме дури и да ја фатиме главната ѕвезда“, вели новинарот на видеото, а под него пишувало „Käärijä, фински претставник“.

Лажниот Käärija беше прашан каков е Ливерпул како домаќин. Неидентификуваниот маж одговорил: „Неверојатно. Во споредба со сите други земји во кои сум бил, ова е подобро организирано. Сè е на непосредна близина и толку пријателско. Сè е лесно овде. Неверојатно е“, рече тој.

Твитер е преполн со потсмев на оваа грешка на БиБиСи.