Breaking Битолчани од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“
Свет

Грета Тунберг меѓу приведените активисти на протестот во германското село Луцерат

Грета Тунберг меѓу приведените активисти на протестот во германското село Луцерат

Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените активисти за климатски промени за време на протестите во селото Луцерат.

Тунберг беше приведена додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер, на околу 9 километри од Луцерат.

Тунберг, којa им се придружи на демонстрантите во петокот, беше видена како седи сама во голем полициски автобус откако беше приведена, изјави сведок за Ројтерс.

„Грета Тунберг беше дел од група активисти кои се упатија кон полицата. Таа беше запрена и изнесена од оваа група надвор од непосредната област за да се утврди нивниот идентитет“, изјави портпаролот на полицијата во Ахен за Ројтерс, додавајќи дека еден активист скокнал во рудникот.

Сè уште не е јасно што ќе се случи со Тунберг или со групата со која беше приведена, ниту дали активистот што скокнал во рудникот е повреден, рече портпаролот.

Тунберг била однесена од тројца полицајци и држена за едната рака.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни