Македонија

Гром предизвика пожар кај Старо Нагоричане – изгореа околу 15 хектари

Гром предизвика пожар кај Старо Нагоричане – изгореа околу 15 хектари

Удар од гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, при што беа зафатени околу 15 хектари стрниште, сува трева и нискостеблеста шума.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане, пожарот избувнал како последица на невремето што го зафати овој дел од земјата.

Во гаснењето интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, а во акцијата се вклучиле и двајца жители од селото. Интервенцијата започнала во 15:10 часот и траела до 19:55 часот.

Од ТППЕ Старо Нагоричане информираат дека пожарот е целосно локализиран и изгаснат, а во моментов не постои опасност од негово повторно разгорување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни