Балкан

Громови во Грција предизвикаа пожари

Громови во Грција предизвикаа пожари

Громовите на северот на Грција предизвикаа пожари, а забележани се и случаи на страдање на добитокот за време на повеќедневниот топлотен бран што го зафати поголемиот дел од јужна Европа.

Неколку пожари се пријавени во близина на градот Кожани, 450 километри северно од Атина, по невремето со грмотевици во областа, соопштија денес властите, јави Си-Би-Ес Њуз.

Нешто посеверно, во близина на грчкиот град Лерин, девет крави на сточарска фарма загинаа во удар на гром.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни