Грција: 520 мигранти спасени од рибарски брод во близина на брегот на островот Гавдос

По долго морско пребарување, рано утрово беа спасени 520 мигранти кои пловеле на рибарски брод во водите на Средоземното Море на околу 17 наутички милји јужно од островот Гавдос, соопштија денес грчките власти.

Операцијата е спроведена под координација на Заедничкиот центар за координација на пребарување и спасување (ЕКСЕД) и грчката крајбрежна стража, со учество на товарен брод што пловел под знамето на Бахамите, два авиони на Фронтекс и четири мали бродови што пловеле во областа, објавува „Катимерини“.

Спасените се безбедно транспортирани до пристаништето Хора Сфакија на Крит, наведува грчкиот весник и потсетува дека повеќе од 1.200 мигранти се задржани на островите Крит и Гавдос во последните пет дена, по ненадејното зголемување на бројот на мигранти што пристигнуваат од Либија.