Балкан

Грција издава специјални визи за „дигиталните номади“

Грција издава специјални визи за „дигиталните номади“

Грција е меѓу земјите од ЕУ кои максимално го користат трендот на далечинско работење. Сега земјата нуди и специјални визи за луѓето кои работат на далечина.

Како Италија, Португалија и Хрватска, и Грција започна програма со која т.н „Дигиталните номади“ ќе можат легално да живеат во земјава. Новата виза, специјално подготвена за работниците на далечина, ќе им овозможи на таквите лица да работат во Грција под повластени услови, без разлика дали работникот не доаѓа од ЕУ.

Овој тип на виза е достапен за државјани кои не се членки на ЕУ кои работат од далечина, како што се хонорарци или деловни луѓе. Кандидатите треба да докажат дека имаат договор за вработување и дека се редовно вработени во соодветната компанија. Во случај да се самовработени, мора да достават доказ за нивната активност, бидејќи визата е само за работници. Важен услов е дотичните вработени да не работат кај работодавач со седиште во Грција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни