Југот на Грција денеска го погоди земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Во објава на веб-страницата ЕМСЦ, се наведува дека земјотресот е регистриран во 16:54 часот по локално време на длабочина од осум километри.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 65 километри југозападно од градот Патра на полуостровот Пелопонез и 16 километри југозападно од Бартоломе.
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала во понеделник наутро ги погоди областите околу островите Санторини и Аморгос во јужниот дел на Егејското Море, јавуваат грчките медиуми.
Серијата земјотреси во тоа подрачје трае од 26 јануари, а оттогаш се забележани повеќе од 16.900 земјотреси посилни од еден степен според Рихтеровата скала, а на неколку острови во тој дел на Егејското Море е воведена вонредна состојба, која ќе трае до 14 март.
