Македонија

Сè помалку деца во домаќинствата: Просекот во Македонија паднал за 25 отсто за една деценија

Сè помалку деца во домаќинствата: Просекот во Македонија паднал за 25 отсто за една деценија

Сè помал е бројот на домаќинства со деца, а сè поголем е уделот на оние во кои живеат возрасни лица без издржувани деца. Податоците за 2025 година покажуваат дека од вкупно 595.600 домаќинства во Македонија, дури 393.400 се без деца, додека 202.200 имаат издржувани деца.

Просечниот број деца по домаќинство изнесувал 0,60, што е намалување за 25 отсто во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Просечната големина на домаќинството во Македонија изнесувала меѓу 3,1 и 3,2 членови, што е над европскиот просек од околу 2,3 члена.

Сличен тренд се забележува и во Европската Унија, каде што уделот на домаќинствата со деца континуирано се намалува во последните 15 години. Во 2010 година тие сочинувале 26,9 отсто од сите домаќинства, во 2015 година 25,9 отсто, во 2020 година 25 отсто, а во 2025 година нивниот удел паднал на 23,3 отсто.

Истовремено, расте бројот на домаќинства составени од едно возрасно лице без деца. Нивниот удел во ЕУ се зголемил од 33,6 отсто во 2015 година на 37,5 отсто во 2025 година. Наспроти тоа, домаќинствата составени од двојки со деца се намалиле од 16,6 на 14,7 отсто.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем удел на домаќинства составени од двојки со деца има Словачка со 20,3 отсто. Следуваат Кипар со 19,6, Чешка со 18,4 и Луксембург со 18,3 отсто.

Домаќинствата со едно возрасно лице и деца сочинуваат три отсто од вкупниот број домаќинства во ЕУ. Најголем удел на вакви семејства има во Естонија со 9,4 отсто, потоа во Летонија со седум и Ирска со 6,9 отсто.

Од друга страна, домаќинствата составени од едно лице без деца се најзастапени во Литванија, каде што достигнуваат 62,5 отсто. Следуваат Естонија со 53,8 и Финска со 47,9 отсто.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни