Груевски доби азил, барањето за екстрадиција пратено

Барањето за екстрадиција на Никола Груевски е изготвено и Министерсвото за правда го прати денеска до унгарското Министерство за правда. Обвиненијата во пресудата „Тенк“ се преведени и не само тие, туку сите обвиненија против Груевски ќе бидат доставени. Но, не и доказите како придружната документација која ќе биде дополнително пратена. Министерстсвото за правда преводите ги добива од судот и од СЈО и заедно се вклучени во работењето на овој случај. Неофицијално според странските медиуми Груевски добил азил. Ова го потврди Груевски со статус на Фејсбук.

„Ние ќе одиме со документација која ќе значи барање целосни документи околу пресудата „Тенк“ и се друго што ќе доаѓа понатаму ќе биде приклучувано како дополнување . Даваме напомена дека другите документи ќе бидат дополнети“, изјави Рената Дескоска, министерка за правда.

Се вчитува...

Министерката Дескоска нагласи дека постапките за азил траат прилично долго во Унгарија, освен ако тие не спровеле по некоја екстра брза постапка.

„Да не биде изненадена јавноста, за некои не само по некоку месеци туку и по девет месеци се решавало по постапка на азил, јавноста знае секогаш постапката за азил е приоритетна во однос на постапката за екстрадиција“, додаде министерката Дескоска.
Адвокатот Александар Тортевски смета дека Унгарија ќе го одбие барањето за екстрадиција, но Македонија мора да поднесе барање да ги заврши домашните задачи во овој предмет, откако не ги заврши обврските да го сочува осуденикот да не успее да избега во странство. Клучниот пресврт настанал кога му се дозволило да побегне. Според Тортевски ова сценарио е одамна подготвено и платено.

„Во принцип тоа се две одвоени постапки. Тоа што некое лице ужива азил доколку се докаже дека извршило сериозни кривични дела во неговата матична држава може теоретски да се донесе одлука за екстрадиција“, изјави Александар Тортевски, адвокат.

Со фејсбук статус Груевски објави дека му е прифатено барањето за азил од Унгарија. Ги убедил со тоа што дал конкретни примери и конкретни докази, а ги посочил и бројните закани по неговиот живот со кои се соочувал во последните денови пред да ја напушти Република Македонија пишува Груевски.

Владата сака да ми ја одземе слободата користејќи недемократски чекори и методи и злоупотребувајќи го судскиот систем во Македонија. Одлучив да ја продолжам борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија, на начин на кој единствено можам во моментот, на начин на кој многу други личности низ историјата кога имале можност го правеле. И како што кажав во претходната објава, јас никогаш нема да се откажам од таа кауза. – Н.Г.

ТВ21 испрати барање до „Интерпол“ да одговори на прашањето зошто Никола Груевски не е ставен на нивната листа како лице по кое се трага или е исчезнато. Одговорот кој го добивме е дека не коментираат посебни случаи освен во некои посебни околности, и одговорот зошто нема потерница по Груевски, да го бараме во надлежните домашни институции.

„ВИП мигрантот на Орбан“ вчера осамна плакат на зградата на унгарскиот Парламент, поставен од опозициската Демократска. Тие најавија и расправа во Парламентот за тој скандал. За Партијата на зелените случајот претставува „дипломатски и безбедносен ризик” за Унгарија и сериозно го оштетил имиџот на земјата.

Репортер: Александра Велинова

 

 

Извор: ТВ21