Третата фаза од уставните промени го „испровоцираа“ поранешниот премир Никола Груевски па вечерва се јави преку Фејсбук со свој став за промената на уставот.
„За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно….барем јас знам. Ова се историски одлуки. Да, можен е подобар и пофер договор. Треба само верба, храброст, отфрлање на уцените, воља и време, за постигнување на двете: разумен компромис /фер договор и НАТО и ЕУ. Незаборавајте дека ставате ,,црн печат,, на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање. Таа пролеана крв заслужува македонското прашање да се затвори, но во полза на македонците. Или поинаку кажано да се затвори, но не на штета на македоците. Тоа е во ваши раце. Од Вас зависи“, напиша азилантот Никола Груевски од Будимпешта.
Седницата за устави промени денеска беше повторно одложена за утре во 12 часот.
