Груевски напишал дека братот на Заев и главен обвинител му понудиле непристоен предлог?

Според пишувањата на унгарскиот весник „Маѓар идок“, во барањето за азил кое Груевски го поднел, напишал дека добил понуда од блиски луѓе на премиерот Заев, но тој ја одбил.

„Кога се обидел да ја одложи казната, братот на премиерот Заев и главниот обвинител му рекле дека неговото барање ќе биде прифатено ако ги убеди пратениците од неговата партија да гласаат за уставните амандмани“ пишува весникот, цитирајќи делови од барањето за азил на Груевски.

Се вчитува...

Груевски во барањето додал дека животот му е во опасност и е жртва на политички прогон. Тој се повикувал и на аболицијата на Иванов, писмото од Комисијата за дискриминација, но и тоа дека СЈО работело под притисок.

Во решението за азил, унгарските власти потврдиле дека тој не смее да се врати во Србија и Црна Гора,  затоа што македонските власти имале  добри односи со овие две земји и ќе го испорачале назад.

Извор: ТВ21