Груевски повеќе нема имунитет, 62 пратеници гласаа За

Претходно на барање на судот, во текот на денот за ова распрашa и матичната комсиија. Таму со пет гласа за и ниту еден против, беше дадено „зелено светло“ точката да се најде на пленарна седница.

Претседателот  на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски, побара одговорност од институциите кои според него, не успеале да го спречат бегството на Груевски.

 Екс – премиерот Груевски е обвинет во случаите „Траекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, предмети за кои ќе му се суди во отсуство. Освен тоа, Груевски е осомничен и во неколку истраги на СЈО, како и во предметите „Талир“, „Пропаганда“, „Хармонија“. Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски е со цел да може да му биде определена мерка притвор за еден од наведените случаи.

По завршувањето на седницата на Комисијата, претседателот на Собранието,Талат Џафери, закажа собраниска седница за одземање на имунитетот на Груевски. На комисиската расправа и гласањето не присуствуваа членовите од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја обвинуваат власта дека прави црни сценарија.

На 9-ноември, исто така на барање на Судот, на пленарна седница се најде точка на дневен ред за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Сепак, парламентарното мнозинство не успеа да собере 80 гласови.  Два дена подоцна Груевски избега од државата и преку Албанија, Црна Гора и Србија, заврши во Унгарија каде побара политички азил.

Репортер: Зимер Јашари

 

Извор: ТВ21