И денеска екс премиерот Груевски е на слобода.
Ако продолжи со игнорирање на одлуката и избегнување на судскиот доставувач, најверојатно веќе во вторник судот може да одлучи за присилно спроведување во придружба на полиција или издавање на налог за апсење, велат од Основниот суд Скопје 1.
Оваа информација доаѓа поради промената на терминот за судењето за предметот Титаник, на кое што Груевски утре требаше да присуствува.
Судењето е презакажано за во среда. Досегашните три обиди на судскиот курир беа неуспешни, бидејќи на адресата од личната карта на Груевски, тој не беше пронајден и не му беше врачено решението од Кривичен за издржување на двегодишната казна затвор за случајот тенк.
