Активистот Ѓушин Џела побара итна, транспарентна и независна истрага за однесувањето на холандската полиција за време на последните протести во Хаг, најавувајќи дека нема да ја посети Холандија сѐ додека одговорните за прекумерна употреба на сила не бидат изведени пред правдата.
Џела истакна дека секое насилство врз полицијата мора да се осуди, но потенцираше дека принципот на одговорност важи двострано. Според него, демократската држава им дава посебни овластувања на полициските службеници кои мора да се користат законито, пропорционално и со почитување на човековите права.
Поради обвинувањата за претепување на албански демонстранти, тој упати барање до Министерството за надворешни работи на Албанија формално да побара објаснување од холандските власти, да го повика холандскиот амбасадор на консултации и внимателно да го следи правниот процес.
Покрај тоа, Џела порача дека Албанија, Косово и Северна Македонија мора јасно да стават до знаење дека нема да ја игнорираат безбедноста на своите граѓани во странство. Доколку холандските институции не обезбедат соодветна истрага за сериозните злоупотреби, трите влади, според него, треба да разгледаат соодветни дипломатски мерки.
Јуџин Чела порано беше активен дел од младинската организација на Социјалистичката партија во Албанија, но во 2014та се повлече со јавна изјава дека во партијата не владее мерит системот во однос на кариерниот напредок.