Хакери успешно ја читале дипломатската комуникација на Европската Унија во период од три години, имајќи пристап до илјадници пораки во кои дипломатите комуницирале на најразлични теми, од Доналд Трамп до глобалната економија, извести Њујорк Тајмс.
Еден од документите наводно содржи детали од дискусија помеѓу ЕУ-претставници и кинескиот претседател Ши Џинпинг, кој нападите на американскиот претседател Трамп против Пекинг ги оценува како „боксерски меч во слободен стил без правила“. Во друга инфромација ЕУ-дипломати за средбата на Трамп со рускиот претседател Путин во Хелсинки велат дека била „успешна (барем за Путин)“.
Хакерите упаднале и во мрежите на Обединетите нации, моќниот американски синдикат АФЛ-ЦИО и министерства за надворешни работи и финансии низ целиот свет.