Денеска Европскиот парламент усвои Резолуција со која Русија е означена како држава спонзор на тероризмот и наведува дека воените напади врз цивилни цели се „кршење на меѓународното право“
Хакерска група блиска до Кремљ денеска ја нападна веб-страницата на Европскиот парламент, само неколку часа откако пратениците ја осудија војната во Украина, изјави портпаролот на Парламентот, Жом Дус Жило.
Европскиот парламент денеска усвои Резолуција со која Русија е државен спонзор на тероризмот и се наведува дека воените напади врз цивилни цели се „кршење на меѓународното право“, пренесе Ројтерс.
Еден од авторите на предлогот, европратеникот Владимир Билчик на Твитер изјави дека резолуцијата е усвоена со мнозинство гласови.
„За резолуцијата гласаа вкупно 494 пратеници, 58 беа против, а 44 беа воздржани. Парламентот ги повикува членките на ЕУ да развијат правни механизми за да продолжат да ја санкционираат Русија“, рече Билчик.
Тој оцени дека гласањето е „незаборавно“ и додаде дека е горд што бил еден од авторите на предлогот.
Ројтерс забележува дека овој потег на ЕП е во голема мера симболичен и дека Европската унија нема правни механизми за поддршка на одлуката на Европскиот парламент.