Поврзи се

Македонија

Хакирана Фејсбук страната на Централен регистар – се објавуваат ставови од кои институцијата се оградува

Published

on

На  фејсбук страната на Централен регистар утрото беше објавен статус, со кој им се обраќаат на новинарите. Се обвинува директорката Марија Бошковска Јанковски и се вели дека за 2 месеци таа ќе оди во затвор.

По еден час, објавија друг статус.

-Текстот продолжува по рекламата-

Централен регистар преку соопштение се оградува од содржината на овие објави. Известуваат дека нивната фејсбук страна е хакирана. Апелираат до граѓаните да ги игнорираат содржините на објавите. Велат дека се сомневаат дека фејсбук страната ја хакирал Емил Јакимовски, кој ја отворил страната пред 10 години.

Од Централен регистар соопштија дека работат на отворање на нова страна и дека за новостите ќе ги известуваат новинарите.

Настанот се случува неколку дена откако новинарката Мери Јордановска извести дека Јакимовски, кој е вработен во Централен регистар и се заканувал и и испратил вулгарни пораки. А од Централен регистар велат дека Јакимовски им се заканил и на вработените и на директорката.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com