Македонија

ХАОС на граничните премини за излез од Македонија – нервозни возачи свират….

Хаос е на граничниот премин Табановце, јавува репортерот на 4NEWS.mk

Нервозни возачи поради долгите колони кои се направија свират, но тоа на никој начин не ја менува состојбата.

Колоните возила се направија поради тоа што и за излез од земјава сега се бара негативен ПЦР тест, доказ за примени две дози вакцини или пак сертификат за прележаност.

Слична е сликата и на ГП Богородица од каде во изјава за Сител велат дека проверката на документи одзема повеќе време и затоа се создадени гужви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни