Свет

Хари: Виндзор е осамено место без баба ми

Хари: Виндзор е осамено место без баба ми

Принцот Хари изјави за People дека палатата Виндзор е осамено место без неговата баба, кралицата Елизабета Втора.

Тој, неговиот брат принцот Вилијам и нивните сопруги, Меган Маркл и Кејт Мидлтон, се сретнаа со ожалостените кои се собраа пред палатата за да и оддадат почит на кралицата. Луѓето оставаа букети и разни предмети низ замокот.

На видеото се гледа како Хари разговара со толпата. Тој вели дека палатата е осамено место без кралицата, пренесува Female First.

„Во секоја соба во која беше, го чувствувавме нејзиното присуство“, додаде тој.

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст во својата резиденција во Балморал, Шкотска. Тоа се случи во четвртокот попладне.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни