Свет

Херој: 11-годишно момче од Украина само патувало 1.200 километри за да стигне на безбедно

Херој: 11-годишно момче од Украина само патувало 1.200 километри за да стигне на безбедно

11-годишно момче безбедно пристигна во Словачка откако патуваше околу 1.200 километри од источна Украина со не повеќе од две мали торби, пасош и телефонски број на неговите роднини.

Малиот Хасан го напуштил својот дом во Запорожје бидејќи неговата мајка не можела да ја напушти својата постара мајка.

Го качила во воз, а кога конечно стигнал до границата му помогнале цариниците, јавува Би-Би-Си.

Официјалните лица рекоа дека тој е вистински херој и дека ги освоил сите со својата насмевка.

Момчето пристигнало на граница носејќи најлонска кеса, мал црвен ранец и пасош. Тој беше примен од волонтери кои му дадоа храна и пијалок додека граничните службеници стапиле во контакт со роднините во словачкиот главен град Братислава.

Неговата мајка, во видеото објавено од словачката полиција, им се заблагодари на сите што се грижеа за нејзиниот син и објасни зошто тој патувал низ целата земја кога била под контрола на руската инвазија.

„До мојот град е електрана што Русите ја гранатираат. Не можев да ја оставам мајка ми – таа не може сама да се движи – па го испратив мојот син во Словачка“, рече Јулија Писецка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни