Либанската екстремистичка организација Хезболах денеска соопшти дека истрелала ракети врз град на северот на Израел, како одмазда за израелскиот воздушен напад во кој беа ранети 17 лица.
Либанското Министерство за здравство и државните медиуми објавија дека воздушен напад погодил мотор во либанското село Абасиех и дека четири лица се тешко ранети. Хезболах подоцна објави дека неговите борци истрелале ракети врз израелскиот град Кирјат Шмона како одмазда, објави Асошиетед прес.
Израелските медиуми јавија дека во експлозијата на двете ракети нема повредени, но дека е причинета штета, а не се огласиле и антиракетните предупредувачки сирени. Прекуграничните судири меѓу израелската армија и Хезболах се речиси секојдневни од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври минатата година.
Оттогаш, повеќе од 500 луѓе, главно борци на Хезболах, се убиени во Либан.
Според тамошното Министерство за здравство, бројот на загинати Палестинци во десетмесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа достигна речиси 40.000.
Како што е соопштено денеска, најмалку 39.965 лица се убиени, а 92.294 се ранети Во изминатите 24 часа, телата на 36 загинати се префрлени во локалните болници, се додава во соопштението на министерството, кое не прави разлика меѓу борци и цивили. биланс на жртви.